ПЕТИЦИЈА
(потписите се валидни со целосно ИМЕ И ПРЕЗИМЕ) !!!!!
Студент во Автобус
Драги студенти, средношколци и останати сограѓани,
Ние сме неколку
студенти и средношколци од Струмица кои собираме потписи со кои сакаме да
побараме од транспортната компанија “Струмица Експрес” од Струмица, која
покрива 90% од автобускиот превоз, да воведе студентски попуст на автобускиот билет Струмица-Скопје-Струмица.
Како во светот а
особено Европските земји, така и во Република Македонија за среќа се почесто
станува пракса студентите да се третираат како посебна категорија на млади лица
кои имаат големи трошоци а мали примања, и потребна им е помош.
-
За
воведување на студентски и средношколски поволности во однос на автобуските
билети
-
Примери:
§ Цена за повратен билет Охрид – Скопје
изнесува 630 ден, а за студенти 440 ден
(дистанцата Охрид – Скопје изнесува 182 км)
§ Цена за повратен билет Гевгелија – Скопје
изнесува 550 ден
(дистанцата Гевгелија – Скопје
изнесува 159 км)
§ Цена за повратен билет Струмица – Штип
изнесува 380 ден
§ (дистанцата Струмица – Штип изнесува 64
км)
§ Цена за повратен билет Струмица – Битола изнесува 500 ден
(дистанцата Струмица – Битола изнесува 183 км)
§ Цена за повратен билет Струмица – Скопје
изнесува 730 ден
(дистанцата Струмица – Скопје изнесува 166 км)
Во овој контекст,
а како засегнати страни во превозот Струмица-Скопје-Струмица, струмичките
студенти и средношколци и останати граѓани ќе потпишат петиција која уредно ќе
биде доставена до “Струмица Експрес”, и доколку тие прифатат, ќе преговараме за
износот на попустот.
Ние ја
поздравуваме активноста на “Струмица Експрес” која воведува голем број линии и
по неколку автобуси во ист термин. Сепак, сметаме дека може да излезе уште
повеќе во пресрет на студентите кои се нејзини најредовни патници со воведување
попуст за младите граѓани од 15-26 години, со што ќе им се олесни на нив самите
и нивните родители.
Доколку ја
поддржувате оваа акција, ве молиме
потпишете ја петицијава со ваше име, презиме и адреса на живеење на
следниов линк:
Петицијата ќе
биде отворена до 31 Октомври, 2014
година.
Доколку се воведе
студентски попуст во цената на билетите, Струмица Експрес ќе покаже дека е
компанија од европски карактер, која го поддржува развојот на младите и се
обидува на еден минимален начин, со ваков гест да ги олесни нивните студии.
Ве молиме пополнете со вашето вистинско име и презиме за петицијата да биде веродостојна. Ви благодариме
Мартин Стојанов ул. Ленинова бр. 42 Струмица Крајно време е да се намалат цените, прескапо е за нас студентите.