ПЕТИЦИЈА ИМАШ ПРАВО НА ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНТРАЦЕПЦИЈА БАРАЈ СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Daniel Kalajdjieski
Daniel Kalajdjieski 0 Comments
109 SignaturesGoal: 250

Се потпишувам на оваа петиција бидејќи: - Само 5.6 % од студентите во Македонија користат орална контрацепција. За 25 % од нив прекинувањето на сексуалниот однос се уште е главен начин за контрацепција. - Стапката на тинејџерска бременост во Македонија е неколкупати поголема од земјите во Европа. - Во учебниците се промовира прекинувањето на односот како метод на контрацепција и не се објаснува правилната употреба на кондомот3. Спротивно на Светската здравствена организација во учебниците стои дека оралната контрацепција „не се препорачува затоа што може да предизвика несакани и трајни последици“ - Само 5,6% од наставниците изјавиле дека можат да предаваат за контрацепција. Затоа, на Светскиот ден на контрацепцијата, со ставањето на потпис, БАРАМ: 1.Да се воведе сеопфатно сексуално образование во основните и средните училишта во Македонија во согласност со насоките од Рамката за сеопфатно сексуално образование, којашто беше донесена од 23 стручни државни и граѓански институции, според којашто научно проверените информации за модерните средства за контрацепција мораат да бидат дел од наставната програма. 2.Да се имплементира Националната стратегија за сексуално и репродуктивно здравје 2010-2020 со којашто е предвидено обезбедување на достапна модерна контрацепција и воведување на сексуално образование.

Потпишаната петиција ИМАШ ПРАВО НА ИНФОРАМЦИИ ЗА КОНТРАЦЕЦПИЈА БАРАЈ СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ ќе биде доставена до пратениците на Собранието на РМ.

Links


Comment

109

Signatures