Ние, засегнатите жители на Влае иницираме потпишување на оваа петиција со цел да го спречиме поместувањето на улицата Есперанто која планираат да поминува низ училишниот двор на ОУ Димо Хаџи Димов.
Поместувањето на улицата ќе предизвика зголемена фреквенција на сообраќај во близина на училиштето со што ќе се зголеми:
- Ризикот од собраќајни судири
- Звучното загадување
- Аерозагадувањето
Исто така, поместувањето на улицата ќе отвори простор за вцртување 11-катница на местото на сегашниот свиок од улицата, со што ќе се загрози хуманиот начин на живеење на сите жители на Влае.
Ве замолуваме за поддршка на нашата петиција за похуман живот во Влае и цело Скопје.
#БорбаЗаВлае
#БорбатаПродолжува.
Koj go smišlja ova?! Sekoj den se pomalku prostor za dichenje. NE za ulicata!!!