Почитувани оваа петиција е направена за да се соберат што поголем број на потписи за да се обидеме да интервенираме кај образовните институции за укинување на екстерното тестирање за учениците.
Неколку години наназад нашите деца и ученици ја трпат тортурата за екстерното тестирање. Стресот кај учениците е преголем ,но тука не се изоставени ни наставниците ниту пак родителите.
Вреди да се обидеме сепак ЗА НАШИТЕ ДЕЦА СЕ РАБОТИ
Екстерното требаше да биде тест за наставниците, кој нема да влијае врз успехот на учениците. Сега е само тест за учениците кој влијае врз нивниот успех. а нема никакви санкции за наставниците. Затоа не ни треба вакво екстерно тестирање.