
НЕ за престанок на Ромаверзитас Скопје


Со одлуката за престанок на функционирањето на Програмата за образование на Роми-Ромаверзитас Скопје, ние студентите и средношколците корисници на Ромаверзитас сме засегнати!
Ромаверзитас функционира веќе 15 години, и тоа претставуваше и претставува место каде што голем број од нас студентите го пронајдовме патот кон успехот, се изградивме како личности, ги надоградивме нашите капацитети и вештини за денес да бидеме поуспешни граѓани, студенти и професионалци во нашите области на делување.
Со прекинот на Ромаверзитас ќе биде оневозможен нашиот личен и професионален развој од областа на неформалната едукација и другите активности насочени кон изградба на нашите вештини и капацитети.
Линк од фoрмалното обраќање со предлог решенија: Word Document
* Овие потписи ќе бидат приложени кон формалното обраќање-петиција до ФООМ, заедно со некои предлог решенија поразлични од трагичен крај.
Comment