Кирчо Анастасов Municipality of Delčevo 0

Нови патишта до Делчево

479 people have signed this petition. Add your name now!
Кирчо Анастасов Municipality of Delčevo 0 Comments
479 people have signed. Add your voice!
4%
Maxine K. signed just now
Adam B. signed just now

Делчево е општина во крајниот исток на Република Македонија.

Таа е дом на околу 17 илјади жители (според статистички податоци), но се сериозно лошо инфраструктурно поврзување со остатокот од државата и регионот.

Поради лошите пред се сообраќајни врски со регионот кој ја опкружува, оваа општина сериозно стагнира во развојот зад сите други општини во државата но и пошироко.

Затоа преку оваа интернет петиција сакаме да го подигнеме нивото на свесност за значањето и потребата од поголемо внимание за надминување на оваа состојба во Делчево.

Цел на оваа петиција е да предизвика директно влијание кај надлежните институции и организации за изградба на ново сообраќајно поврзување на општина Делчево со остатокот на Република Македонија пред се со Виница, Кочани, Штип, Скопје, но и со Пехчево, Берово и Струмица како и Република Бугарија.

Постојните регионални патишта А3, Р1302 се директно опасни по животот и безбедноста на возачите и патниците и од таа причина е потребно изнаоѓање на ново решение за сообраќајно поврзување на општината Делчево.

Решение кое ќе биде имплементирано во најбрз можен период.

Сите коментари и размислувања во насока на подобрување на оваа состојба се добредојдени и ќе бидат пропратен дел на оваа интернет петиција, за која се надеваме дека ке допре до сите релеванитни структури во државата, со цел за подобрување на оваа особено неповолна состојба.

Ова е непартиска, невладина, чисто граѓанска иницијатива, која се оградува од сите можни злоупотреби на било кој фактор во Република Македонија.

За човечкото достоинство се работи!

ПРИДРУЖЕТЕ СЕ И ВИЕ!


Share for Success

Comment

479

Signatures