Живот без ѓубре во Вардино!
Дивите депонии се наоѓаат на само 5 метри од нашите домови и се наша секојдневна глетка. Ние, децата од Вардино сакаме слободно да се движиме и да играме во чиста природа, а не на мински полиња од срчи и секаков друг отпад. Околината е наша и треба сите да се грижиме.
Бараме од Градоначалникот на општина Демир Хисар и ЈП. Комуналец да ги исчистат дивите депонии и да го решат проблемот со одлагањето на сметот. Ве повикуваме сите вардинци и други добронамерни луѓе да ја подржите оваа благородна иницијатива и да ја потпишете нашата петиција. Петицијата ќе биде доставена до советот на општина Демир Хисар.Ве замолуваме потпишувајте се со цело име и презиме со кирилични букви.
Оваа ученичка иницијатива е дел од новиот концепт за граѓанско образование и се одвива со подршка од ООУ „Гоце Делчев“, Бирото за развој на образованието и Македонскиот центар за меѓународна соработка. Грижата за животната средина е заедничка.
ЗАЕДНО ЗА ЧИСТО ВАРДИНО!
Comment