Со одлуката за престанок на функционирањето на Програмата за образование на Роми-Ромаверзитас Скопје, ние студентите и средношколците корисници на Ромаверзитас сме засегнати!
Ромаверзитас функционира веќе 15 години, и тоа претставуваше и претставува место каде што голем број од нас студентите го пронајдовме патот кон успехот, се изградивме како личности, ги надоградивме нашите капацитети и вештини за денес да бидеме поуспешни граѓани, студенти и професионалци во нашите области на делување.
Со прекинот на Ромаверзитас ќе биде оневозможен нашиот личен и професионален развој од областа на неформалната едукација и другите активности насочени кон изградба на нашите вештини и капацитети.
Линк од фoрмалното обраќање со предлог решенија: Word Document
* Овие потписи ќе бидат приложени кон формалното обраќање-петиција до ФООМ, заедно со некои предлог решенија поразлични од трагичен крај.
Со затворање на Ромаверзитас ќе се намали процентот на желбата на млади роми кои ќе студират или кои ќе се запишат во средно бидејќи Ромаверзитас секогаш стоел зад нив и им нудел секаква помош , доколку гледаме од друга страна со помош на Ромаверзитас и кластер учиме право и дебата младите денес се изградија како личности и многу полесно се изразуваат . Од Ромаверзитас по завршувањето на кластери излегуваат како посигурни , похрабри и многу покреативни личности ! Искрено молам Ромаверзитас да продолжи да работи бидејќи тоа е едните од малкуте работи кои на младите роми им останаа !