Tik Tak 0

Вратете го Лазар Темелков

26 people have signed this petition. Add your name now!
Tik Tak 0 Comments
26 people have signed. Add your voice!
1%
Maxine K. signed just now
Adam B. signed just now

Почитуван Директоре на Алфа ТВ, Имајќи ги во предвид случувањата за време на отворената програма на Алфа ТВ посветена на текот на вториот изборен круг, со оваа петиција би сакале да побараме од Вас враќање на Господинот Лазар Темелков на програмата на Вашата телевизија. Иако,можеби според некои морални норми, тоа што Господинот Темелков го направи не е исправно, сепак би сакале да укажеме и на следниве работи кои се од огромно значење за Вашата инфомративна куќа: 1. Случката беше забележена скоро од сите Македонски медиуми и околу неа се водеше дискусија на повеќето социјални мрежи, што индиректно претставуваше бесплатна реклама за Вашиот медиум. 2. Претпоставувам дека ќе се согласите со нас дека, доколку господинот Темелков останеше до крај во програмата, Вашата отворена програма ќе ги срушеше сите рекордни на гледаност во Македонија. 3. Господинот Темелков, претоставувам спротивно на политиката на куќата, се обиде изборите да ги прокоментира на еден нековенционален начин, онака како што ние долупотпишаните ги коментираме во домашни услови. Ќе се согласите со нас дека реалната телевизија пали секаде во светот. Погледнете само колку реални ТВ шоу-а има на нашите телевизии кои се од странска продукција и за кои се плаќаат многу пари. А Вие, вие имавте одлична домашна продукција. Сите долупотпишани се надеваме дека ќе ги имате сите овие факти во предвид и дека Господинот Темелков повторно ќе може да го гледаме на малите екрани во својот редовен термин.

Share for Success

Comment

26

Signatures