Leonid Nalovski 0

За безбедни детски игралишта! (Да му го вратиме игралиштето назад на децата од населбата!)

153 people have signed this petition. Add your name now!
Leonid Nalovski 0 Comments
153 people have signed. Add your voice!
16%
Maxine K. signed just now
Adam B. signed just now

Детските игралишта кои се предмет на петицијата се наоѓаат во новата населба во Демир Хисар, населба во која живеат најмногу деца и млади. Само во првата улица -Железник која се наоѓа веднаш над гореспоменатите игралишта живеат 16 деца, а во целата населба повеќе од 100. Овие игралишта се изградени во 2006 година со намера да станат место за забава и рекреација на сите млади. Тоа е голем комплекс кој вклучува нишалки и други детски реквизити, како и повеќе наменско игралиште за фудбал, кошарка, одбојка, ракомет и други спортови. Иако одтогаш нема поминато многу време, игралиштата се целосно уништени и руинирани, и истите се крајно не безбедни за користење. Најголем дел од реквизитите се искршени , неупотребливи и опасни по безбедноста на децата. Исто така друг проблем е тоа што несовесните повозрасни наши сограѓани го запоседнаа игралиштето со своите сушари за тутун. На игралиштето има паркирани стари возила, има искршени стакла и друг земјоделски одпад. Ние децата со тага се сеќаваме како во овие сега неупотребливи игралишта ги поминувавме нашите безгрижни детски денови.

Бараме од Градоначалникот на општина Демир Хисар да се заменат сите оштетени детски реквизити за најмладите со нови,да се реконструира оградата на игралиштето,да се постават нови клупи бидејќи постоечките се неупотребливи, да се постават канти за отпадоци,да се постави осветлување на тоа игралиште и да се збогати игралиштето со нови реквизити кои досега ги немало.Од друга страна, за повеќенаменското игралиште бараме да се постават нови кошеви и стативи, да се постават реквизити за одбојка, да се реконструира во делот каде што е оштетен асфалтот , да се огради игралиштето, да се постави осветлување и да се тргнат сушарниците за тутун. Ве повикуваме сите граѓани на Демир Хисар да го ставите вашиот потпис на оваа наша петиција, за да можеме ние децата да уживаме во нашите детски игри на безбедни и модерни детски игралишта.

Петицијата ќе биде доставена до Советот на општина Демир Хисар и до Градоначалникот. Ве замолуваме потпишувајте се со цело име и презиме со кирилични букви.

Оваа ученичка иницијатива е дел од новиот концепт за граѓанско образование и се одвива со подршка од ООУ „Гоце Делчев“, Бирото за развој на образованието и Македонскиот центар за меѓународна соработка. Грижата за безбедноста на децата е заедничка.

ЗАЕДНО ЗА ПОДОБАР ДЕТСКИ РАЗВОЈ!

Share for Success

Comment

153

Signatures