
Смена на Раководител на Сектор урбанизам на Град Скопје и Директорот на улици и патишта


Градот станува небезбедно место на движење: децата кои се потпираат на првилото дека улицата се поминува само на пешачки, старите, изнемоштените и хендикепираните кои се спори и можат да се надеваат само дека знакот на зебра ќе ги сопре возилата кои јурат, не можат веќе да сметаат на оваа безбедносна заштита. Летите се избледени до тој степен што никој веќе не може да погоди дека некогаш биле таму или дека се уште важат. Во нормална ситуација, до тој степен избледени знаци и ленти се знак дека веќе не важат и вообичаено се заменети со нови. Оваа година, тоа не е случај - не постои никаква обнова на патната сигнализација, знаците урнати крај тротоарите нема кој да ги исправи. Скопје изледа како Град во кој не постои сектор и лица одговорни за овие прашања. Бараме дирекнта и итна смена на (не)одговорните за овие прашања. Бараме и да се испита во која мера непостоењето јасна сигнализација играло улога во неодамнешните трагедии на загинати пешаци - дали навистина е брзината во прашање, немарноста на пешаците, дали се случиле на пешачки премин и дали возачот го препознал (поголем дел од сообраќајките се направени од лица кои не се од Скопје и не може да се потпираат на меморијата за некогаш постоечки пешачки/зебри). Сета сигнализација на и покрај патиштата треба промптно да биде обновена и одржувана - бидејќи моментно одговорните лица се покажаа потполно неодговорни, бараме нивна смена и брзо санирање на состојбата.
Comment