ПРЕАМБУЛА:
Имајќи го предвид фактот дека помина повеќе од една деценија од воспоставувањето на состојбата на постојано отсуство, и свесни за непоправливата штета нанесена врз социјалниот и емотивниот живот на нашата заедница, ние, долупотпишаните, ја изгласуваме оваа Резолуција за итно враќање.
ЧЛЕН 1: КОНСТАТАЦИЈА НА СОСТОЈБАТА
Се утврдува дека отсуството на Дете предизвикува акутен дефицит на:
- Великолепна духовитост во секојдневната комуникација;
- Драгоцено присуство на клучни социјални собири;
- Неодминлива драгост која е витална за општата благосостојба на потписниците.
ЧЛЕН 2: ЕФЕКТИ ОД ОТТУЃЕНОСТА
Потписниците потврдуваат дека неговата оттуѓеност предизвикува двојна деструктивност, од една страна заедницата е духовно осиромашена, додека кај субјектот е забележана реципрочна носталгична погоденост.
ЧЛЕН 3: ПРЕДМЕТ НА БАРАЊЕТО
Со оваа петиција се бара воспоставување на нов, зачестен режим на посети. Се инсистира на итен прекин на досегашната практика на „децениско отсуство“ и замена на истата со редовни, предвидливи и содржински богати враќања во Македонија, со инсистирање во нив да биде вклучена и драгата другарка Цеци!
ЗАКЛУЧОК:
Овој документ служи како официјална покана и обврска која гласи:
„ДЕТЕ, ДОАЃАЈ СИ ПОЧЕСТО!“
Ајде дечки, не чекајте уште една деценија. И со Цеци под рака, се знае! Чекаме датум.