Со оваа петиција бараме повторно да се отворат теретаните и останатите спортски објекти во Македонија!
Во ова време кога вирусот Ковид19 значително се намали и ризикот од заболување е минимален и во време кога голем број бизниси се пред пропаѓање да не дозволиме и оние кои го зајакнуваат и заштитуваат нашето здравје да згаснат - тоа се Теретаните.
Се надеваме како што владата го слушна гласот на угостителските работници и останатите фирми во Македонија и им дозволи да работат со одредени заштитни мерки така и со оваа петиција ќе биде овозможено на теретаните и другите спортски објекти да започнат со работа, затоа што тие се единствените кај кои луѓето можат да го зајакнат имунитетот и организмот воопшто.
РЕЗУЛТАТОТ од Оваа петиција ќе биде испратен до сите надлежни служби во нашата држава и тоа:
- Асоцијација на БОДИБИЛДИНГ во МАКЕДОНИЈА
- ВЛАДАТА НА МАКЕДОНИЈА
- И др. СПОРТСКИ ЗДРУЖЕНИЈА
и не заборавајте ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ
Чекорите за потпишување на оваа петиција се едноставни. Тајноста на Податоците е загарантирана со политиката на страницата
Dosta beshe zatvoreno se. Treningot e zdravje a ne izvor na zaraza. Otvorete gi teretanite odma!