Иницијатива за формирање на Национален совет на родители како алатка за вклучување на родителите во јавните институции почнувајќи од локално ниво. Националниот совет на родители е замислен како формално тело кое активно би соработувало со надлежните институции, првенствено со локалната самоуправа. Целта е родителите да земат поголемо учество и да се активираат во одредени одлуки кои се однесуваат на децата, со што би се зголемила и нивната одговорност во процесот на донесување одлуки и креирање политики од кои најмногу се засегнати децата.
Со потпишување на оваа петиција би сакале да ставиме акцент, пред сè, на
создавање поволна средина за учество на родителите во училиштата и градинките, со што би се поттикнало одговорното родителство.
редно време е да се направи нешто во подобрување на семејните односи особено релацијата разведени родители/деца