Петиција за изградба на Фабрика за производство на биогас, врз база на биоразградлив отпад во општина Прилеп
772
people have signed. Add your voice!
16%
Maxine K. signed
just now
Adam B. signed
just now
Здружението Центар за стратегии и развој ПАКТИС во рамки на проектот„Подобрување на управувањето со отпадот во Прилеп“ покренува иницијативата за:
Формирање Јaвно комунално претпријатие за производство на енергија и топлификација во рамки на ЕЛС Општина Прилеп, кое што ќе преземе дејности и активности за искористување на биоразградливиот отпад за добивање на алтернативна енергија, преку изградба на Инсталација (Фабрика) за производство на Биогас.
- Регионот на општина Прилеп располага со идеални количини на биоразградлив отпад (биомаса), со што целосно се оправдува потребата од изградба на Инсталација (Фабрика) за производство на Биогас во рамки на општината.
- Инсталацијата за производство на биогас, затвора еден цел кружен тек на процеси: отстранување на отпад, рециклирање, хигиенизација, производство на енергија, производство на гноиво и хумус.
Предности и можности за социо – економски придобивки за граѓаните и општина Прилеп од Инсталацијата за производство на биогас:
- Снабдување со алтернативно гориво на институции од областа на образованието, здравството и социјалните установи.
- Снабдување со гориво на идната топлификација и гасификација на Прилеп.
- Намалени сметки за подигнување на отпадот, улично осветлување, греење, користење на јавниот превоз и слично за граѓаните, фармите, стопанските субјекти и земјоделците.
- Нови работни места и зголемена енергетска независност.
- Намалување и редуцирање на отпадот на депониите.
Проектот „Подобрување на управувањето со отпад во Прилеп“ е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Comment