Student Student 0

Студент во автобус

487 people have signed this petition. Add your name now!
Student Student 0 Comments
487 people have signed. Add your voice!
25%
Maxine K. signed just now
Adam B. signed just now

ПЕТИЦИЈА
(потписите се валидни со целосно ИМЕ И ПРЕЗИМЕ) !!!!!

Студент во Автобус

Драги студенти, средношколци и останати сограѓани,

Ние сме неколку студенти и средношколци од Струмица кои собираме потписи со кои сакаме да побараме од транспортната компанија “Струмица Експрес” од Струмица, која покрива 90% од автобускиот превоз, да воведе студентски попуст на автобускиот билет Струмица-Скопје-Струмица.

Како во светот а особено Европските земји, така и во Република Македонија за среќа се почесто станува пракса студентите да се третираат како посебна категорија на млади лица кои имаат големи трошоци а мали примања, и потребна им е помош.

- За воведување на студентски и средношколски поволности во однос на автобуските билети

- Примери:

§ Цена за повратен билет Охрид – Скопје изнесува 630 ден, а за студенти 440 ден
(дистанцата Охрид – Скопје изнесува 182 км)

§ Цена за повратен билет Гевгелија – Скопје изнесува 550 ден

(дистанцата Гевгелија – Скопје изнесува 159 км)

§ Цена за повратен билет Струмица – Штип изнесува 380 ден

§ (дистанцата Струмица – Штип изнесува 64 км)

§ Цена за повратен билет Струмица – Битола изнесува 500 ден
(дистанцата Струмица – Битола изнесува 183 км)

§ Цена за повратен билет Струмица – Скопје изнесува 730 ден
(дистанцата Струмица – Скопје изнесува 166 км)

Во овој контекст, а како засегнати страни во превозот Струмица-Скопје-Струмица, струмичките студенти и средношколци и останати граѓани ќе потпишат петиција која уредно ќе биде доставена до “Струмица Експрес”, и доколку тие прифатат, ќе преговараме за износот на попустот.

Ние ја поздравуваме активноста на “Струмица Експрес” која воведува голем број линии и по неколку автобуси во ист термин. Сепак, сметаме дека може да излезе уште повеќе во пресрет на студентите кои се нејзини најредовни патници со воведување попуст за младите граѓани од 15-26 години, со што ќе им се олесни на нив самите и нивните родители.

Доколку ја поддржувате оваа акција, ве молиме потпишете ја петицијава со ваше име, презиме и адреса на живеење на следниов линк:

Петицијата ќе биде отворена до 31 Октомври, 2014 година.

Доколку се воведе студентски попуст во цената на билетите, Струмица Експрес ќе покаже дека е компанија од европски карактер, која го поддржува развојот на младите и се обидува на еден минимален начин, со ваков гест да ги олесни нивните студии.

Ве молиме пополнете со вашето вистинско име и презиме за петицијата да биде веродостојна. Ви благодариме

Share for Success

Comment

488

Signatures