Стоп за говорот и ширењето на верска, расна и национална омраза на Миленко Неделковски

Ние, долупотпишаните, повикувајќи се на: членовите 2 и 18 од Универзалната декларација на човековите права, на член 10 став 2 од Европската конвенција за човекови права, праксата на Европскиот суд за човекови права, Кривичниот законик кој го казнува говорот на омраза и предизвикувањето на национална, расна и верска омраза, бараме Миленко Неделковски да престане со говорот на омраза и ширењето на верска, расна и национална омраза и омрза кон ЛГБТИ заедницата, да престане со дискриминацијата по различни основи и да престане да ја злоупотребува слободата на изразување и истиот да се казни во согласност со наведените членови на Кривичниот законик и тоа: 


                                                 Член 319 

Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост 

(1) Тој што со присилба, малтретирање, загрозување на сигурноста, излагање на подбив на националните, етничките или верските симболи, со оштетување туѓи предмети, со сквернавење споменици, гробови, или на друг начин ќе предизвика или ќе разгори национална, расна или верска омраза, раздор или нетрпеливост,ќе се казни со затвор од една до пет години. 

(2) Тој што делото од став 1 го врши со злоупотреба на положбата или на овластувањето или ако поради тие дела дошло до безредие и насилства спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, ќе се казни со затвор од една до десет години. 

Со постојаното изразување на говор на омраза кон различни групи и заедници, вклучувајќи ја и ЛГБТИ заедницата, преку отворената фан страна на социјалната мрежа фејсбук, сметаме дека истиот го исполнува и битието на членот 394-г кој определува дека тој што преку компјутерски ситем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на раса, боја на кожа, национално или етничко потекло, како и верско уверување, ќе се казни со затвор од една до пет години. 

Преку говорот на омраза, постојано се повредува и правото на припадност и се врши дискриминација врз основа на националност, етничка припадност и сексуална ориентација, поради што треба да се казни и според член 417 од Кривичниот законик, кој одредува дека тој што врз основа на разлика на раса, боја на кожа националност или етничко потекло ги повредува основните човекови права признати од страна на меѓународната заедница, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. 

Иако Кривичниот законик во горенаведените членови не ја опфаќа сексуалната ориентација како основ за предизвикување на омраза и дискриминација, бараме да се почитуваат стантардите и праксата на Европскиот суд за човекови права, според кој и сексуалната ориентација на определено лице, треба да се смета за негова фундаментална карактеристика и истата да се изедначи со основите раса, етничка припадност и религија1во случаите на говор на омраза и дискриминација. 

Дополнително, бараме Комисијата за заштита од дискриминација да постапи согласно утврдените надлежности во Законот за спречување и заштита од дискриминација и прекршочно да го санкционира говорот на омраза и постојаната дискриминација по различни основи и тоа согласно член 7 кој забранува вознемирување и понижувачко постапување кое претставува повреда на достоинството на лице или група на лица кое прозлегува од дискриминаторска основа и кое има за цел или резултат повреда на достоинството на одредено лице или создавање на заканувачка средина, пристап или практика, член 9 според кој како дискриминација ќе се смета и повикување и поттикнување на дискриминација, односно секоја активност со која некое лице директно или индиректно повикува, охрабрува, дава упатства или поттикнува друго лице да изврши дискриминација, член 12 кој ги определува потешките облици на дискриминација.

Links

Миленко Неделковски на Facebook

Discussion

No comments yet.

join the discussion

Recent signatures

  • username

    ЉољоMacedonia

    12 months ago
  • username

    Стефан ИлиевскиMacedonia

    1 year ago
  • username

    sanelaMacedonia

    1 year ago
See more

Petition highlights

There are no highlights yet.