Се потпишувам на оваа петиција бидејќи:
- Само 5.6 % од студентите во Македонија користат орална контрацепција. За 25 % од нив прекинувањето на сексуалниот однос се уште е главен начин за контрацепција.
- Стапката на тинејџерска бременост во Македонија е неколкупати поголема од земјите во Европа.
- Во учебниците се промовира прекинувањето на односот како метод на контрацепција и не се објаснува правилната употреба на кондомот3. Спротивно на Светската здравствена организација во учебниците стои дека оралната контрацепција „не се препорачува затоа што може да предизвика
несакани и трајни последици“
- Само 5,6% од наставниците изјавиле дека можат да предаваат за контрацепција.
Затоа, на Светскиот ден на контрацепцијата, со ставањето на потпис, БАРАМ:
1.Да се воведе сеопфатно сексуално образование во основните и средните училишта во Македонија во согласност со насоките од Рамката за сеопфатно сексуално образование, којашто беше донесена од 23 стручни државни и граѓански институции, според којашто научно проверените информации за модерните средства за контрацепција мораат да бидат дел од наставната програма.
2.Да се имплементира Националната стратегија за сексуално и репродуктивно здравје 2010-2020 со којашто е предвидено обезбедување на достапна модерна контрацепција и воведување на сексуално образование.